Реми без голови на дербито против Беласица во Струмица

Фудбалерите на Брегалница ремизираа без голови на гостувањето против Беласица во дерби натпреварот од 8. коло во Втората лига - Исток.

Низ главно израмнет натпревар, со шанси и на двете страни, отворен фудбал но без погодоци аспирантите за водечките позиции на табелата на крајот ги поделија бодовите.

Во финишот на натпреварот „сините“  играа и со фудбалер помалку по исклучувањето поради втор жолт картон на младиот Јован Манев во 83. минута.

И покрај тоа Брегалница во 86. минута имаше одлична можност да стигне и до победа, но пред офанзивците на штипјани убаво реагираше домашниот голман. Имаше шанса на спротивната страна и Беласица, но резултатот остана оној почетниот.

ВТОРА ЛИГА - ИСТОК - 8. КОЛО
БЕЛАСИЦА - БРЕГАЛЦНИЦА 0-0

Градски стадион „Благој Истатов“ во Струмица. Гледачи: 1.000.