Супер-дерби на „Младост“ во Струмица: Мегдан за потврда на квалитетот против Беласица!

Фудбалерите на Брегалница денеска од 15 часот на стадионот „Младост“ во Струмица против Беласица во супер-дербито на 8. коло од Втората лига - Исток.

Мегдан за потврда на квалитетите на двата тима, мегдан за уживање на Истокот, мегдан како фудбалски предизвик за докажување. Избраниците на Добринко Илиевски посакуваат квалитетно издание преку кое ќе се продолжи со позитивната низа и трката за водечките позиции на табелата.

Главен делител на правдата ќе биде Марјан Ецкоски од Охрид, а ќе му помагаат Разме Бакрачески од Струга и Николче Дрнковски од Битола. Четврти судија на натпреварот ќе биде Благојче Ралевски. Делегат на натпреварот - Благоја Петров од Велес, а контролор - Зоран Петковски, исто така од Велес.