Мечот против Беласица в недела, Ецкоски од Охрид ќе ја дели правдата

Натпреварот од 8. коло во Втората лига - Истак меѓу Беласица и Брегалница на стадионот „Младост“ во Струмица ќе се игра во недела со почеток од 15 часот.

Главен делител на правдата ќе биде Марјан Ецкоски од Охрид, а ќе му помагаат Разме Бакрачески од Струга и Николче Дрнковски од Битола. Четврти судија на натпреварот ќе биде Благојче Ралевски. Делегат на натпреварот - Благоја Петров од Велес, а контролор - Зоран Петковски, исто така од Велес.