ВИДЕО: Најинтересните моменти и погодоците од триумфот против Победа (3-0)

Повеќе од заслужено Брегалница славеше со 3-0 против прилепска Победа во 7. коло од Втората лига - Исток.

Стрелци на погодоците за „сините“ беа Ристе Наумов во 21. минута, Марио Наумоски во 50. минута и Стојанче Велинов од пенал во 59. минута.