Поради реконструкција на теренот во Штип, мечот со Победа ќе се игра во Пехчево

Поради активностите околу реконструкцијата на теренот на Градскиот стадион во Штип, натпреварот на Брегалница против прилепска Победа од 7. коло во Втората лига - Исток ќе се игра на стадионот во Пехчево.

Натпреварот е закажан за в недела (6. октомври) со почеток од 15 часот. Главен судија на дуелот ќе биде Благојче Ралевски од Битола, а ќе му помагаат сограѓаните Петар Степановски и Јовче Кокевски. Четврти судија ќе биде Дени Лековски, исто така од Битола. Делегат на мечот ќе биде Никола Џорлев од Струмица, а контролор - Кире Кулумовски од Ресен.