Против „лавовите“ во прва осминафинална пресметка од Купот на Македонија (15:30 ч.)

Фудбалерите на Брегалница денеска од 15:30 часот на Градскиот стадион во Штип ги очекува првиот натпревар од осминафиналето во Купот на Македонија против прволигашот Македонија ЃП.

Сосема е јасно дека противникот ја има фаворитската улога пред натпреварот во кој „сините“ низ квалитетно издание посакуваат позитивна претстава како начин за потврдување на сопствениот потенцијал. Македонија ЃП во Штип доаѓа желна за триумф и резултат за порелаксиран реванш. Но, избраниците на Добринко Илиевски се подготвени за комплетно надигрување со „лавовите“.

Васко Мавров од Струмица ќе биде главен делител на правдата на натпреварот, а ќе му помагаат сограѓаните Ѓорѓи Станковски и Кире Ангеловски. Четврти судија ќе биде Марјан Гоцевски, исто така од Струмица. Делегат на натпреварот е Зоран Васевски од Виница, а контролор - Бранко Манојловски од Тетово.

КУП НА МАКЕДОНИЈА - ОСМИНАФИНАЛЕ (денеска, 15:30 ч.)