Мавров од Струмица главен судија на мечот против Македонија ЃП во осминафиналето од Купот

Васко Мавров од Струмица ќе биде главен делител на правдата на првиот натпревар од осминафиналето во Купот на Македонија меѓу Брегалница и Македонија ЃП кој во среда (25. септември) со почеток од 15:30 часот се игра на Градскиот стадион во Штип.

На Мавров ќе му помагаат сограѓаните Ѓорѓи Станковски и Кире Ангеловски, а четврти судија ќе биде Марјан Гоцевски, исто така од Струмица. Делегат на натпреварот ќе биде Зоран Васевски од Виница, а контролор - Бранко Манојловски од Тетово.