Марјан Стојановски ќе дели правда на дербито со Тиквеш

Познати се службените лица за дерби натпреварот од 5.коло во Втората лига - Исток меѓу Брегалница и Тиквеш кој ќе се игра во четврток (19. септември) со почеток од 19 часот на Градскиот стадион во Штип.

Марјан Стојановски од Кичево ќе биде главен делител на правдата, а ќе му помагаат Слаѓан Маркоски од Гостивар и Ебрар Таравари од Гостивар. Четврти судија ќе биде Марјан Дејаноски од Кичево.

Делегат на натпреварот ќе биде Антонио Насевски, а контролор - Душко Милошески.