Ристе Сејменов од Струмица главен судија на мечот со Саса

Струмичанецот Ристе Сејменов ќе биде главен делител на правдата на натпреварот меѓу Каменица Саса и Брегалница кој в недела (15. септември) од 15:30 часот се игра во Македонска Каменица во рамките на 4. коло од Втората лига - Исток.

На Сејменов ќе му помагаат Методи Јорданов и Јордан Ѓоргиев од Кочани, а четврти судија ќе биде Спире Арсов, исто така од Кочани. Делегат на натпреварот ќе биде Ацо Алексоски од село Долнени, а контролор Бурхамедин Салихи од Куманово.

Брегалница е лидер на табелата по трите одиграни кола со максимални девет бода.