И во комбиниран состав, „сините“ демонстрираа надмоќ и на тест дуелот против Дрита

Искористувајќи ја можноста за контролен натпревар на фудбалерите кои се со помала минутажа на стартот од шампионатот во Втората лига - Исток, Брегалница денеска одигра пријателски дуел со второлигашот од западната конкуренција, Дрита од Боговиње притоа славејќи убедливо со 7-0 (1-0).

На натпреварот кој се одигра на Градскиот стадион во Штип, „сините“ уште еднаш демонстрираа надмоќ постигнувајќи седум погодоци од кои шест во вториот дел кога во игра влегоа и поголем дел фудбалери од првиот состав.



Претходно, шефот на стручниот штаб Добринко Илиевски им даде шанса на повеќе млади фудбалери. Хет-трик на натпреварот запиша Иван Настевски, а по еден погодок постигнаа Тони Мичкоски, Мартин Стојанов, Пепи Ѓоргиев и Стојанче Велинов.

Во 4. коло од Втората лига - Исток во недела (15:30 ч.) Брегалница гостува на Саса во Македонска Каменица.