Мечот против Питу Гули во Прилеп, Стојановски од Кичево главен судија

Натпреварот од 3. коло во Втората лига - Исток на гостински терен против Питу Гули, фудбалерите на Брегалница ќе го играат во сабота (7. септември) во Прилеп.

Поради неподготвеноста на теренот во Крушево, Питу Гули ќе биде домаќин на теренот на игралиштето „Могила“ во Прилеп. Натпреварот се игра со почеток од 16 часот.

Главен судија на дуелот ќе биде Марјан Стојановски од Кичево, а ќе му помагаат сограѓаните Давор Цветаноски и Осман Зеќири. Четврти судија ќе биде Марјан Дејаноски, делегат Владо Крстевски од Скопје а контролор Ацо Мировски, исто така од Скопје.