Ѓуровски од Скопје главен судија на мечот против Осогово

Скопјанецот Кристијан Ѓуровски е делегиран за главен делител на правдата на натпреварот од 2. коло во Втората лига - Исток меѓу Брегалница и Осогово кој се игра на 31. август со почеток од 19 часот во Штип.

На Ѓуровски ќе му помагаат сограѓаните Дарко Видиниќ и Александар Недевски, а четврти судија ќе биде Никола Костенчев, исто така од Скопје. Делегат на натпреварот ќе биде Благоја Петров од Велес, а контролор - Коле Василев од Скопје.