Домашните натпревари под рефлектори: Со Осогово од 19 часот, билетите веќе во продажба

Првиот натпревар на Брегалница во новата сезона од Втората лига - Исток на домашен терен, согласно и ветувањата на новиот сопственик и раководство на клубот, ќе се игра во вечерен термин.

 
 Натпреварот од 2. коло против Осогово е закажан за 31.   август (сабота) со почеток од 19 часот на Градскиот стадион   во Штип. Брегалница е единствениот тим од двете   второлигашки конкуренции кој своите домашни натпревари   ќе  ги игра под рефлектори.

 Цената на билетите за дуелот со Осогово изнесува 100   денари. Истите веќе се пуштени во продажба и може да се   купат во сите Кит-Го Маркети|Тера Маркети|Супет Кит-Го   Маркети и на билетарата на Гратски Стадион Штип.