„Дожд“ од голови: Брегалница со рекордна победа од 0-22 се пласираше во осминафиналето од Купот

Брегалница е првиот учесник во осминафиналето од фудбалскиот Куп на Македонија, откако во првата рунда нашиот тим го декласираше тимот на Ново Црнилиште со 0-22.

Разликата во квалитет беше демонстрирана уште во првото полувреме по кое се стигна до убедлива предност од 0-6. Во вториот дел се играше „викторија“ пред голот на Ново Црнилиште, а „сините“ постигнаа 16 гола, за конечна победа од неверојатни 0-22.

Најефикасен на дуелот беше Мартин Стојанов со пет голови, Мичковски и Настевски постигнаа по четири погодоци, Велинов три, Гуцов два и Османовски, Манев, Д. Стојанов и Георгиев по еден. Деби голови во дресот на Брегалница запишаа Георгиев, Османовски и Гуцов.

На Градскиот стадион во Штип пред повеќе од 1.000 гледачи, Брегалница настапи во следниот состав: Давков, М. Стојанов, Настевски, Велинов, Манев, Мичковски, Миленковски, Бакрачевски, Д. Стојанов, Османовски, Мирчевски, а играа и Шишков, Георгиев и Гуцов.