Реми со Борец „под рефлектори“ како одлична најава на сезоната (ФОТО)

Штип како фудбалски град без сомнение конечно дочека да има моќна Брегалница која сака повторно да биде важен дел во македонскиот фудбал. 

Пред полни трибини на Градскиот стадион, низ уште еден тест дуел како најава на новата сезона, Брегалница ремизираше (2-2) со новиот прволигаш Борец, прикажувајќи допадлив фудбал за отворени аплаузи од околу 2.000 гледачи во градот под Исарот.



Стојчевски и Мичовски во првото полувреме донесоа предност за Брегалница од 2-0, но во продолжението Христов од пенал и Николовски возвратија од таборот на Борец, за реми и конечни 2-2.