Максимално активно од прв момент: Одлични услови за работа во Пехчево (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Фудбалерите на Брегалница максимално активно уште од првите денови ги почнаа подготовките за новата натпреварувачка сезона.

„Сините“ почетната фаза од подготовките ја реализираат на терените на спортскиот комплекс „Гогов“ во Пехчево каде имаат одлични услови за физичка подготовка.Наредниот период е планиран и подготвителен период во Штип, како и одигрување неколку пријателски натпревари.

Првиот договорен тест дуел за време на летните подготовки е против Работнички на 13. јули во Штип.

Галерија