ФК Брегалница е еден од најстарите македонски фудбалски колективи, вистинска гордост на Истокот, клуб со кој се препознаваат голем број навивачи од Источна Македонија, дом на бројни истакнати славни фудбалски имиња. Формирана во 1921 година, ФК Брегалница оваа година го слави својот јубилеј „100 ГОДИНИ - ШТИПСКИ СИНИ!“