Брегалница мисли и на иднината: 19-годишниот Глигоров од португалски Национал се враќа во својот Штип

Брегалница комплетирајќи ги играчките редови за актуелната сезона неизбежно со мислите и на иднината на клубот но и дополнителниот развој за најголемите фудбалски таленти од Штип. Токму во таа насока е и ангажманот на 19-годишниот Иван Глигоров кој доаѓа од португалскиот Национал.

Глигоров, кој е роден во Штип, главно досега фудбалскиот развој го темели на интернационалната сцена. Како голем талент уште на 15 години е забележан од италијанската Перуџа каде реализира трансфер, потоа се сели во младинскиот тим на Национал во Португалија од каде сега повторно се враќа во Штип, во редовите на Брегалница.

Игра на офанзивните позиции во средниот ред, а има и настапи за младите репрезентации на Македонија до 15 и до 17 години.