И Австралиецот со македонско потекло Зак Кочанковски ново име меѓу „сините“

Пред продолжението на првенството во Првата македонска фудбалска лига, Брегалница со засилување и на средниот ред. Ново име во редовите на „сините“ е младиот Австралиец со македонско потекло, Зак Кочанковски.

20-годшниот Кочанковски ќе биде освежување за средниот ред од составот на Горан Здравков.

Кочанковски доаѓа од екипата на Вестерн јунајтед од А-лигата на Австралија каде настапуваше изминативе две сезони.