Брегалница убедливо до осминафиналето во Купот на Македонија

Фудбалерите на Брегалница без никакви проблеми се пласираа во осминафиналето од Купот на Македонија, откако во 1/16-финалната пресметка славеа убедливо со 0-3 на гостувањето против Слога 1934 во Виница.

Од самиот почеток на средбата „сините“ почнаа со офанзива кон домашниот гол не дозволувајќи во ниту еден момент победата да биде доведена под знак прашалник. Па, веќе во 8. минута вистинска „бомба“ испрати Иван Николов кој со шут од повеќе од 25 метри постигна еврогол за водство од 0-1.

Во 28. минута, Милан Ѓокиќ беше соборен во домашниот шеснаесетник па истиот фудбалер беше сигурен реализатор на ударот од белата точка за 0-2.

Во 55. минута по убава акција, и Фајсел Касми се запиша во листата на стрелците за конечна победа од 0-3.